Постови

Приказују се постови са ознаком свет

Мара Апелхаген, активист: Шумскиот отпор во Хамбах е протест против капитализмот, но и симбол на солидарност

Слика
„Отпорот во шумата Хамбах е симбол на борбата против капитализмот, профитерството и уништувањето на шумите. Симбол е на активизам, но и на солидарност против ископувањето на јагленот, протест против индустријата на фосилните горива. Дел е и од пошироко движење низ Германија поврзано со климатските промени. Разни луѓе, екологисти, активисти, љубители на природата, на одржливиот начин на живот – доаѓаат, застануваат со своите тела да ја бранат шумата. Ова е многу важна битка, за иднината!“, вели германската активистка Мара Апелхаген во интервју за Радио МОФ. Апелхаген ја сретнавме на скалите пред Филолошки факултет. Насмеана и приземна, со фотоапаратот сликаше наоколу. Се интересираше за околината, младите, студентите, за активностите од универзитетскиот кампус. Будно прашуваше и за активизмот во земјава, низ призма на одржување граѓанска искра – за промени. Апелхаген живее и студира во Минхен. Студентка е на Рејчел Карсон Центарот за животна средина при Универзитетот Лудвих Мак...

Во Милано ќе се садат 3 милиони дрвја во борбата со климатските промени

Слика
Милано е една од европските модни престолнини што се карактеризира со сивило не само од неокласичните камени градби, туку и со сивило на небото поради загаденоста на воздухот. Сепак, сивите нијанси не се тренди избор за еден град од перспектива на екологијата. Поради тоа, Италијанците одлучија до 2030 година да го озеленат Милано со 3 милиони нови дрвја. Градските власти процениле дека планираната програма ќе го зголеми бројот на стебла за 30 отсто. Дрвјата на годишно ниво ќе „впијат“ дополнителни пет милиони тони јаглероден диоксид. Оваа количина е еднаква на четири петтини од вкупните емисии на штетен гас во Милано.  Во рок од десет години дрвјата од атмосферата би отстраниле околу три илјади тони ситни штетни ПМ10 честички. Се очекува и последователен пад на температурите во градот за 2 Целзиусови степени.  Архитектот Стефано Боери во 2014 година во срцето на Милано создал зелена оаза. Во рамките на неговиот проект „Вертикална шума“ над градот се издигнаа две станбени зград...

Мистериозните “вонземски“ шумски кружни насади во Јапонија се резултат на 50 годишен експеримент

Слика
Круговите во житата кои се појавуваат ненадејно низ полињата во светот се главен дел од теориите на заговор, поради што уметничките креации со разни правилни геонетриски форми често им се припишуваат на слетувања на НЛО или сложени форми на вонземјанска комуникација. Затоа можете да ја замислете возбудата на луѓето низ светот кога биле забележани неверојатни геометриски дизајни, направени од големи повеќегодишни јапонски кедри. За жал, за оние кои сакаат да поверуваат дека ова има врска со нешто вонземско, тоа има совршено логично, но сепак интересно објаснување дека овие форми потекнуваат човекот и се дел од еден експеримент. Живописните природни формации не се резултат на инвазија на вонземјани, туку подобро разработен план кој се реализирал пред речиси 50 години. Документ на јапонското Министерство за земјоделство, шумарство и рибарство објаснува дека она што е сега видливо се должи на проектот од 1973 година во врска со растот и растојанието помеѓу дрвјата. Тие за таа цел во близин...

Вечен трупец за заштеда на огревно дрво

Слика
Доколку  за греење користите обична печка на дрва кој многу брзо гори, со нејзиното интензивно создавање на топлина значителен дел од истата се гибу низ оџакот. Поради тоа, за да се задржи нормалното ниво на температурата во просторијата, потребно е постојано да се дотураат дрва. За да се реши овој проблем, еден досетлив русин дошол до идеја за изработи т.н. "вечен трупец", кој му помагнал да заштедите 30-50 проценти од огревно дрво. Според иноваторот, без овој изум со едно полнење на ложиштето дрвата горат за 1 час и 10 минути, а со него тоа време се пролонгира за 30 минути. Дизајн кој го употребил за својата печка Тој изјавува дека не постојат строги критериуми за димензиите на користената цевка, бидејќи сè зависи од параметрите на шпоретот, или поточно количеството огревно дрво што може да се вметне во него. Потребно е да обрнете внимание на тоа дека треба да користите дебел метал за да не изгори. Исто така, не можете да направите неколку дупки, а уште повеќе да користите ...

Словенија прогласена за најчиста земја на светот!

Слика
Во балканскиот регион, на екс-ју просторите, се наоѓа најчистата земја на светот, со индекс од 96/100 за одржливост, екологија и природни резерви Обединетите нации, 2017-та година ја прогласиле за „Меѓународна година за одржување на развојот на туризмот“. Земјата која добила најмногу поени во сите категории, а со тоа добила и титула како победник е Словенија. Како критериуми за рангирање биле земени грижата за околината, стратегијата за справување со климатски промени, биодиверзитет, еколошка свесност, така што титулата е сосема очекувана, бидејќи во 2016 Љубљана беше најзелен град во Европа. Словенците можат да се пофалат со селектирање на отпадот и негово рециклирање, но и мотивацијата за користење велосипеди и јавен превоз. Исто така, Словенија во најголем дел веќе е гасифицирана и се користи природен гас, а со тоа се намалува загадувањето. Во Словенија најмалку една третина од вкупниот годишен отпад се рециклира. Драстично е намалена емисијата на штетни гасови со воведувањето јавни...

„Се остварува мојот најлош кошмар“: последната голема древна шума во Европа на работ на колапс

Слика
Научниците и активистите за животната средина ја обвинија полската влада дека го донела екосистемот на Бјаловјешката шума во североисточниот дел на Полска на „работ на колапс“, една година откако со ревидираниот план за стопанисување со шумите беше дозволено трикратно зголемување на сечењето и беше укината забраната за сечење во прашумските области, пренесува Гардијан. Големи делови од шумата, која се протега на источната полска граница со Белорусија и ја содржи последната преостаната прашума во Европа, се подложени на природни процеси невознемирени од директна човечка интервенција. Како локација од природното светско наследство на УНЕСКО - единствената во Полска - шумата е дом на околу 1.070 вида васкуларни растенија, 4.000 видa габи, повеќе од 10.000 вида инсекти, 180 вида птици и 58 вида цицачи, вклучувајќи и многу видови зависни од природните процеси, на кои им се заканува истребување. „Во одреден момент ќе дојде до колапс, а ако и кога ќе се случи тоа, ќе ја снема засекогаш - ...

Кинески шумски фронт

Слика
Како дел од борбата против загадувањето Кина распореди 60.000 војници од својата армија на садење дрва низ земјата. Најголемиот дел се од народната армија, а дел има и од полицијата, кои се повлечени од своите позиции на северната граница на земјата со Монголија и Русија, и прераспределени се на не-воени задачи во внатрешноста на земјата. Војниците ќе бидат испратени во Хебеј провинцијата која го обиколува Пекинг. Областа е озлогласена по создавање на огромни количества смог кои го покриваат главниот град. Проектот војници со лопати е дел од планот за пошумување на 84.000 километри квадратни со дрва до крајот на годината. Површина која отприлика е со иста големина како Ирска (Македонија е 25,7 илјади километри квадратни). Планот е површините под шума во Кина до 2020 да се зголемат од 21% од вкупната територија на 23%. Според првиот човек на Кинески шуми до 2035 ова треба да  достигне  26%. Извор: /off.net.mk/

Научниците создадоа супердрво кое е цврсто како челик

Слика
Најновиот материјал од иднината е направен од сосема традиционален ресурс. Супердрво кое е цврсто како челик и шест пати полесно од челикот веројатно ќе биде одржливиот градежен материјал на иднината, велат научниците. Научниците дрвото го споредуваат со карбонски влакна, а ќе може да се користи за да се прави се – од згради и автомобили до јакни кои не ги пробива куршум. Дрвото досега е тестирано со балистички тестови и се покажа дека ламинираната верзија е толку цврста што може да спречи и проектил. Дрвото го создадоа научници од Универзитетот Мериленд со вриење обично дрво во воден раствор кој содржи хемикалии како натриум хидроксид и натриум сулфат. Со овој процес се отстрануваат органските состојки од дрвото кои му ја даваат структурата и цврстината и се прави поеластично. Процесот е сличен на првите фази од обработката на дрвото за добивање хартија. Потоа тимот научници го пресувал дрвото меѓу две метални плочи загреани на 100°C на 50 пати поголем притисок од атмосферскиот.  ...

Дрво од кое тече вода, единствен феномен во Црна Гора: кога врнежите се обилни, се претвора во извор (ВИДЕО)

Слика
И покрај единствениот феномен ова дрво сепак нема ниедна легенда. Едно дрво во селото Динош во Црна Гора е навистина единствено, бидејќи од него тече вода. Снимката на овој феномен ги фасцинираше голем број корисници на социјалните мрежи. Овој редок феномен обично го предизвикуваат обилни врнежи, кои ги преплавуваат подводните извори, па дополнителниот притисок предизвикува водата да излезе на површина. Дрвото што се гледа на снимката е шупливо, па практично се претвора во извор кога доаѓа до многу обилни врнежи. Емир Хакрамај, локален жител, вели дека ова се случува веќе 20-25 години, а можеби и подолго, пренесува Радио Слободна Европа. Истакнува дека дрвото е старо околу 100 години, „а можеби дури и 150“. Емир вели дека дрвото и покрај овој феномен нема ниедна легенда. Вели дека не се склони кон размислување, бидејќи ова е една сосем природна работа. Погледнете го видеото: