Квалитетот на услугите и безбедноста на клиентите предуслов за развој на планинскиот туризам
Македонија поседува обучени лица кои го исполнуваат стандардот Меѓународен водич во планина. Тој подразбира поседување технички вештини за работа со различни категории клиенти, познавање на теренот, лични познавања на флората, фауната, историските знаменитости на предвидената тура што се нуди како туристички производ. Но, она што е особено позитивно кога станува збор за планинските водичи што се активни во рамки на Македонската асоцијација на меѓународни водичи за планина е нивната подготвеност за постојано надградување, како на нивната техничка опременост, подобрување на индивидуалните вештини и познавања што се предуслов за развој на планинскиот туризам во земјата. Тоа е оценката на Техничката комисија на Унијата на Меѓународните асоцијации за водичи во планина што деновиве престојува во Македонија. Бил Бејли, претседател на комисијата на денешната прес-конференција во Охрид посочи дека се поизразениот интерес на пазарот, како кај туристите така и кај и агенциите за планински туризам...