[Интервју] Речиси 40 години нема попис на шумскиот фонд
Шумарството е едно од најзапоставените стопански гранки – од немање услови за работниците, па до недостиг од инвестиции. ЈП Македонски шуми изминативе години се претвори во биро за вработување, но воглавно на кадар од други професии, наместо шумарски инженери. Пописот на шумите, пак, кој треба да покаже уште колку ни остана од ова природно богатство, се уште е во најава, смета младиот докторанд Владимир Стојановски, од катедрата за Економика и организација во шумарството при Шумарскиот Факултет во Скопје. Според него, отсуствуваат јавни дебати, а уште повеќе отсуствува политичка волја за решавање на горливите проблеми. „Познавам 10-15 колеги кои имаат завршено и што се на постдипломски и докторски студии на реномирани факултети низ Европа од областа на шумарството, но за жал, не се воопшто искористени. Постои мрежа на наши истражувачи со други на регионално ниво, но таа е како резултат на ентузијазмот на овие луѓе. Голем дел од нив кои го градат имиџот на македонскот...