Постови

Приказују се постови са ознаком разно

Поучна приказна: Дрвото кое постојано дава

Слика
Еднаш многу одамна на некое место постоело големо дрво каде што секојдневно доаѓало едно мало момче за да си игра. Тоа се качувало на врвот, ги јадело плодовите, се одморало под сенката… Така го засакало дрвото и сакало да си игра со него. Но, откако пораснало, веќе немало навика да си игра со него. Еден ден, тоа отишло до него со тажен израз на неговото лице. „Дојди, играј си со мене“, му рекло дрвото на момчето. „Јас не сум повеќе дете и не си играм околу дрвјата“, одговорило момчето. „Сакам играчки, потребни ми се пари за да си ги купам.“ На ова дрвото рекло: „Извини, јас немам пари… но можеш да ги собереш моите плодови, да ги продадеш и ќе имаш пари.“ Момчето многу се возбудило, ги собрало плодовите и среќно си заминало. Дрвото било тажно затоа што момчето не се вратило повторно. Еден ден, момчето кое веќе станало маж, се вратило. Дрвото било премногу возбудено од тоа и го повикало да си играат. На ова, мажот одговорил: „Немам време да си играм. Морам да работам за моето семејствот...

Сиромаштијата чука на портите: Домаќинствата се повеќе се греат на дрва како певтина варијанта

Слика
Според податоците од заводот за статистика на Македонија, струјата е најчестиот вид енергија што го трошат македонските домаќинства. Електричната енергија учествува со дури 50,3 отсто во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата. Но, тоа што е интересно во статистичкиот извештај за 2017 година од шумарска гледна точка е зголемената употреба на биомасата, односно на дрва за греење. Податоците укажуваат на тоа дека од година во година наместо овој процент да опаѓа, што може да биде индикатор на намалување на животниот стандард на граѓаните кои се приморани да се враќаат на повтини начини на затоплување на своите домови. Нивното учество во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата лани достигна 40,5 отсто, додека претходната година овој процент изнесуваше 37,5 отсто. Тоа е уште еден индикатор дека домаќинствата се повеќе се греат на дрва отколку на нови современи и еколошки начини за затоплување на домовите кои се поскапа варијанта од затоплување со дрвото. Во многу ...

Што е биодиверзитет и зошто е важен за нас?

Слика
Воздухот што го дишете, водата што ја пиете и храната што ја јадете зависат од биодиверзитетот, кој во моментов е во криза – а ние  сме причината за тоа. Што значи тоа за нашата иднина и како можеме да ја спречиме? од Дејмиен Керингтон (Damian Carrington) Уредник одговорен за теми за животната средина Што е биодиверзитет? Тоа е разновидноста на животните облици на Земјата, ги опфаќа сите форми и начините на интеракција меѓу нив. Дефиницијава звучи толку широка, што дури е збунувачка, а таква е ситуацијата и во реалноста. Биодиверзитетот е најсложената карактеристика на нашата планета, а истовремено и најважната. „Без биодиверзитет, не постои иднина за човештвото“, вели проф. Дејвид Мекдоналд (David Macdonald) од Универзитетот Оксфорд. Терминот првпат се појавил во 1985 година, тој претставува кратенка од зборовите „биолошки диверзитет“. Огромните глобални загуби за биодиверзитетот што сега стануваат очигледни, претставуваат криза што е еднаква со, ако не и погол...

Вечен трупец за заштеда на огревно дрво

Слика
Доколку  за греење користите обична печка на дрва кој многу брзо гори, со нејзиното интензивно создавање на топлина значителен дел од истата се гибу низ оџакот. Поради тоа, за да се задржи нормалното ниво на температурата во просторијата, потребно е постојано да се дотураат дрва. За да се реши овој проблем, еден досетлив русин дошол до идеја за изработи т.н. "вечен трупец", кој му помагнал да заштедите 30-50 проценти од огревно дрво. Според иноваторот, без овој изум со едно полнење на ложиштето дрвата горат за 1 час и 10 минути, а со него тоа време се пролонгира за 30 минути. Дизајн кој го употребил за својата печка Тој изјавува дека не постојат строги критериуми за димензиите на користената цевка, бидејќи сè зависи од параметрите на шпоретот, или поточно количеството огревно дрво што може да се вметне во него. Потребно е да обрнете внимание на тоа дека треба да користите дебел метал за да не изгори. Исто така, не можете да направите неколку дупки, а уште повеќе да користите ...

Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица

Слика
Високо издигнат над градот Струмица и Струмичката котлина се наоѓа локалитетот Чам Чифлик.  Првично со решение на Националниот институт за заштита на спомениците на културата, шумата од црн бор во локалитетот Чам Чифлик е прогласена за специјален резерват. Сега локалитетот се наоѓа во категоријата Парк на природата заедно со локалитети како Катлановски предел и Езерани. Специфичните карактеристики на растителниот свет, како и вредностите на просторот проткаени со геолошки форми, се елементи кои ја прават една од позначајните шумски заедници - термофилната заедница од црн бор. Црниот бор во месноста Чам Чифлик е подвид на кримскиот бор.  Овој вид бор кој е со широко развиена крошна, дебели гранки и крупни лисја е шумско дрво на приморската област во Мала Азија. Во нашата земја се среќава и во околината на Гевгелија. На десната страна од патот што води од Струмица кон локалитетот, на рамнината која е на 510 метри надморска височина, сé до 1913 година постоело селото чие име било...

Беровец починал од повреди здобиени при сеча

Слика
За тоа дека работата во шумарството е опасна и тешка, докажуваи фактот дека често се случуваат несреќе кои неретко се и со фатални последици. Најнов пример за тоа ни пристигнува од Берово. Педесет и едно годишниот   Г.Ѓ. од Берово починал од здобиените повреди во пределот на главата здобиени при сеча на борови стебла во месноста Ормане – Царев Двор. Според соопштението на МВР, оваа несреќа се случила околу 12 часот. Сега починатиот бил со повеќе лица и неговиот син, кои веднаш се обиделе да му пружат помош. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Систина“ – Скопје, но за жал им подлегнал на поредите. На лице место на настанот увид извршила екипа од Полициската станица од Берово и се преземаат мерки за пасчистување на случајот. Ваквите немили настани се порака за сите вработени во шумарството дека трена да се биде многу внимателен при работи во шума, да се користат средства за заштита при работа и да се превземаат сите мерки за избегнување на несреќи при ра...

Јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”

Слика
Шумските пожари се голема закана за нашите шуми, бидејќи секоја година уништуваат значителна површина под шумска вегетација. Како резултат на климатските промени, нашата држава последните години особено е загрозема од деструктивната сила на шумските пожари, па затоа неопходно е надлежните да превземат одлучни чекори подигање свеста кај граѓаните и за зајакнување на капацитети за справување со оваа елементарна непогода. Со цел превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари и зголемување на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари, ЈП “Македонски шуми“ заедно со Противпожарниот сојуз на Македонија, на 18.06.2018 година (понеделник), во Скопје на Плоштад “Македонија“ со почеток во 11 часот ќе организираат јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”.  На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП “Македонски шуми“ на чело со помошник директорот на Секторот за заштита ...

Со стотици илјади евра се опарија Пелистер, Галичица, Јасен, Водно, Матка, Преспанско....

Слика
Во Националниот Парк Пелистер беа промовирани осум големи грантисти на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над 4 милиони евра, финансирана од Европската унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Добитници на грантовите во висина од 250.000 до 350.000 евра се: 1.  НП Пелистер – Зајакнување на капацитетите на паркот преку едукација на вработените и мониторинг 2.  НП Галичица – Промоција, конзервација и мониторинг на биодиверзитетот 3.  НП Маврово – Конзервација и заштита на ретки видови 4.  Општина Дојран (Дојранско Езеро) – Обнова на екосистемот на Дојранско езеро 5.  Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани) – Подобрување на капацитетот на општина ресен за заштита и мониторинг на Преспанското Езеро и Паркот Езерани 6.  Град Скопје (Матка, Водно, Сарај) – Промоција на природните вредности на комплексот Водно-Матка-Сарај 7.  Јасен – заштита на разно...

Потпишан Меморандум за соработка за сертификација на шумите

Слика
На 05.06.2018 година, во просториите на ЈП Македонски шуми се потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА. Со Меморандумот за соработка во понатамошниот текст ќе се обезбеди основи за соработка меѓу Фармахем, кој ја претставува Програмата за зачувување на природата во Македонија - ПЗП, Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе-ЦНВП и Јавното претпријатие “Македонски шуми (ЈПМШ).  Според извори од ЈП “Македонски шуми“ настанот има исклучително важно значење за иднината на дрвопреработувачката индустрија во Р.Македонија и имплементација на современите текови во шумарството. -        Имајќи го предвид вниманието и напорите кои на глобално ниво се вложуваат за да се намалат негативните ефекти од климатските промени и улогата која ја имаат шумите во таа насока;  -        Знаејќи дека шумите имаат важна улога во апсорпција на ЦО2 од атмосферата;  -        Свесни за фактот дека шумите се важно жи...

Јоргованот украс на дворовите и симбол на љубовта

Слика
Подрачјето на кое се наоѓа нашата држава се карактеризира со голема разноликост на растителни видови. Голем дел од нив поседуваат големи декоративни својства, поради што населението одсекогаш ги користело за украсување на дворовите. Со текот на годините народот почнал да им дава разни симболики, така што денес голем дел од овие растенија се дел од фолклорот на нашиот народ. Едно од оние растенија кои обично ги преживуваат сите епохи и стилови е старинскиот вечен јоргован. Уште од многу одамна јоргованот се користел за чистење на домот од зли духови, за благослов и внесување на позитивна енергија во куќата. Според грчката легенда, Пан, богот на шумата ја сретнал нимфата Сиринг, па тргнал по неа, убавата нимфа се исплашила па сакајќи да се скрие од него се претворила во мирисно дрво – цвет кој денес се нарекува Јоргован. Помеѓу цевеќето, Јоргованот има своја посебна симболика. Симболизира вистинска љубов, а белиот јоргован пак симболизира младалачка невиност. Белиот Јоргованот симболизир...

Како да се одреди типот на земјиштето?

Слика
Бесплатно направете си сами анализа на земјиштето. За да одредите кој тип на земјиште припаѓа вашето земјиште, следете ги овие чекори. Составот на земјиштето е од огромно значење за приносот на нивата, од градината или овоштарник. Ако почвата содржи вишок песок, водата и хранливите материи ќе се исушат побрзо. Културите на оваа почва треба повеќе оплодување и наводнување. Од друга страна, глинените почви содржат изобилство на хранливи материи, но толку добро ја сочуваат водата што можат да ја "убијат" посадената култура. Во исто време тие тешко примаат топлина. Најдобра е црната растресита земја богата со минерали која чува добри хранливи материи и доволна влажност, со истовремено слободен проток на вода. Наполнете ја теглата до половина со земјата; Додај вода до врвот; Затворете го капакот и енергично се тресат неколку минути; Оставете ја теглата најмалку два часа за да се одвојат три слоја: тиња, песок и глина. На дното ќе бидат најтешки делови, камчиња и песок, во срединат...

Масакр на борова шума за да се градат фабрики

Слика
Од излезот од Желино, па до надвозникот за село Добарце, најубавиот природен предел во оваа рурална општина, на планината Сува Гора, се уништува природно богатство, засадено за време на работните акции во поранешна Југославија. Од Општина Желино велат дека шумата во овој предел се сече согласно урбанистичкиот план од 2012 година, кога земјиштетото од шумско било пренаменето во градежно, за што согласност дала и Агенцијата за просторно планирање. Борова шума долж автопатот Тетово – Скопје, стара повеќе од половина век, веќе неколку години се сече, а на соголените локации се градат фабрики. Од излезот од Желино, па до надвозникот за село Добарце, најубавиот природен предел во оваа рурална Општина, на планината Сува Гора, се уништува природно богатство, засадено за време на работните акции во поранешна Југославија. Од Здружението „Еко герила“ велат дека неколкупати реагирале за, како што го нарекуваат, овој еколошки геноцид, но и покрај тоа никој не презел мерки за да запре сечата. Велат ...

Палмите биле преплатени за 400.000 евра, а штетникот е гратис!

Слика
Увозот и садењето на палмите е страшен волунтаризам, ненаменско трошење јавни пари, потенцијална огромна штета по растителниот свет во земјава и се разбира, срам кој треба да остане како поука за во иднина. Сето ова го покажаа сознанијата до кои дојде НОВА, истражувајќи ја оваа малку подзаборавена тема Палмореди се саделе во Месопотамија, древен  Египет и некои други култури околу медитеранскиот басен, со главна цел да се одбележи некаков триумф. Овој факт што може да се најде на интернет, е единственото логично објаснување ако се бара одговор на прашањето зошто Никола Груевски како примиер во 2013 година одлучил да се посадат неколку стотици палми во Скопје кои само за една година завршија на буниште. Дали владата на Груевски сакала да ни испрати порака за некаков триумф со ваквата одлука која граѓаните ги чини многу не знаеме, но она што успеавме да дознаеме е следното: Премногу волунтаризaм, индиции за можна корупција и за криминал, ненаменско трошење јавни пари, непочитува...