Постови

Приказују се постови са ознаком дрвокрадци

Му ја скршиле главата бидејќи пријавил дрвокрадци

Слика
Во последно време дрвокрадците имаат земено толку голема сила, што почнуваат и физички да се пресметуваат со секој кој ќе се обиде да им застане на патот. За дрскоста на дрвокрадците говори и следниот пример кој ни доаѓа од струмичко. 70-годишниот Јосе Петров од струмичкото село Градашорци по нападот од непознати сторители едвај останал жив , бидејќи пријавил кај надлежните органи нелегална сеча на огревно дрво во неговиот имот . Јосе Петров при в раќа ње од пчеларникот кој му се наоѓал во селото Варварица, од двајца негови пријатели бил информиран дека во неговата семејна корија имало дрвокрадци со три запрежни возила кои му ги сечат дрвата . Вознемирен тој в еднаш му се јавил на неговиот брат за да ја информира и повика шумската и цивилната полиција , без притоа да претпостави дека бил следен од неколку лица кои најверојатно биле во спрега со дрво крадците. Откако дрвокрадците чуле дека се алармирани надлежните и дека се чека да пристигнат на лице мсто , од заседа го напад...

Скопјани наседнуваат на измама: Им се нудат евтини дрва за огрев

Слика
Три случаи во кои жители од неколку населби во главниот град се измамени на ист начин, се пријавени во полицијата во рок од само 10 дена, пишува Република. Измамниците, според информациите од дневните билтени на МВР, целат кон повозрасни граѓани на кои им нудат дрва за огрев по ниски цени, а кога тие заради примамливата цена ќе се заинтересираат да купат, ги праќаат на одредено место за да ги видат огревните дрва. Кога домаќинот ќе тргне да ги види дрвата, кои не постојат, тука измамниците го користат моментот, се враќаат во куќата каде им ги понудиле дрвата, лажејќи ја сопругата дека домаќинот ги пратил за таа да им даде пари. На овој начин настрадале најмалку тројца лица од Скопје кои биле измамени на ист начин. Според билтените на МВР, првиот кој настрадал, од оваа „шема“, а ја пријавил кај надлежните е 69-годишниот Т.Г. (69) од Скопје на кој преку оваа измама му земале 13 800 денари на 16. месецов. Потоа, само два дена подоцна на истиот начин бил измамен и В.Б. (73) од Ско...

“Мечките“ и објавија војна на шумската мафија – текст од 2008 година

Слика
Справувањето со нелегалните сечи и дрвокрадците е тешка и исклучително опасна работа. Припадниците на шумската полиција во текот на своите должности наидуваат на големи пречки и опасности, бидејќи често на терен се судруваат со побројни, добро организирани и вооружени групи, кои со своите дејства предизвикуваат ситуации кои се опасни по животот на шумските полицајци. Ваквите ситуации и организација на дрвокрадците кои имаат елементи на шумска мафија, наложуваат и промена на пристапот и стратегијата во борбата против нив. Се чини дека добра идеја која беше реализирана во минатото, беше формирањето специјална мобилна единица "мечки". Иако многумина го оспоруваа нивното постоење, се чини дека сепак идејата беше добра и ефикасна, но по се изгледа на некого не му одговарало да постои ефикасен систем на борба со шумската мафија, па после кратко време се најдоа “мал милион“ причини истата да биде укината и расформирана. Карактеристика на оваа единица беше добрата обученост, опремено...

За шумската мафија казни од 1,7 милиони евра

Слика
Во земјава постојат добро организирани групи на дрвокрадци, кои во некои случаи се поопремени и од самата шумска полиција. Оваа „шумска мафија“ буквално ги има соголено шумите во Скопско, но и Шар Планина, а последиците од бесправната сеча на дрва имаат далекусежни последици. Првиот човек на Шумската полиција, Ејуп Јаја вели дека последните случувања во Тетово, каде во големите поплави имаше и шестмина загинати, го вклучија алармот поврзан со долгогодишниот проблем со бесправната сеча на дрва, особено на Шара. Според него, последиците од дрвокрадството се огромни, како од материјален аспект, така и во однос на лизгање на земјиштата, надојдување на реките, намален шумски фонд, нарушување на човечката околина и слично.  Само за неколку месеци, како што информираше полицијата, во Скопско е опустошена шума вредна 200 илјади евра. Преценките на експертите се дека само во периодот од 2007 до 2010 година, Македонија годишно губела по околу 10 милиони евра од дива сеча. „Штетата од еколошк...