Постови

Приказују се постови са ознаком видео

До кога ќе шумат шумите?

Слика
Над 35 илјади хектари шума се загубени во Македонија во последните 17 години, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва, покажува извештајот на „Глобал форест воч“. Проценките се дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја. Сепак, службена одговорност во МВР и во Македонски шуми досега нема. Научниците предупредуваат дека за масовното пустошење на шумите придонесува и планското сечење, како што е случајот со изградбата на гасоводот на Водно од страна на Владата. Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите во Македонија“ финансисран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада/Британската Влада.

Криминал со дрва вреден стотици илјади евра се случувал во беровско Русиново

Слика
Голем криминал со дрва се случувал во беровското село Русиново. Според информациите на ТВ Стар, автори на кражбата која веројатно траела со години се сопружници од истото село кои имале фирма за транспорт на дрва и силна логистичка заштита од поединци на тамошната шумска полиција. Нашите соговорници  кои не контактираа тврдат дека во изминатиот период најмалку два камиони дневно крадени дрва заминувале за Кочани и други места во Источниот регион. Колкав период точно се случувал овој организиран криминал ќе се утврдува, но нашите соговорници се категорични дека станува збор за времеснки опсег од повеќе години во кој непречено функционирала спрегата помеѓу сопружничката фирма и поединци од шумската полиција. Во него, според најгруба калкулација поединци незаконски се исечени десеттици илјади кубни метри дрва, а во џеб сопружниците и нивните соработници ставиле стотици илјади евра. ТВ Стар во текот на денот ги контактираше надлежните во Министерството за  земјоделство од каде ни ...

ДРАМА ВО ШТИП: Десетина дрвократци нападнале шумски полицајци со шипки им го уништиле џипот, полицајците едвај спасиле жива глава!

Слика
Зголемените котроли и активности на шумската полиција за спечување на нелегалните сечи и уништување на нашите шуми, предизвикува вознемиреност и очај кај дрвокрадците и шумската мафија. Тие во очај поради неможноста повеќе така лесно и слободно преку уништување на шумите да се богатат, стануваат се поагресивни и започнуваат да им се закануваат и да ги заплашуваат припадниците на шумската полиција. Најнов пример во кој десетина дрвокрадците организирано со насилни средства се обиделе да ги заплашат припадниците на шумската полиција се случи во Штипско, при што било уништено возилото на шумската полиција.   Ова треба да е јасен сигнал за припадниците на МВР дека треба повеќе да се ангажираат во откривањето и поднесувањето соодветни пријави за дрвокрадците, а правосудните органи да изрекуваат поригорозни казни кои би делувале превентивно и дестимулативно за во иднина.

Додека светот зборува за климатските промени, Македонија трескавично ги уништува шумите (ФОТО+АУДИО)

Слика
За акцијата „Ден на дрвото" официјално беше кажано дека се потрошени 18 милиони евра, милиони дрвца беа насадени насекаде низ Македонија. Само 21 отсто од тие дрвца се фатија. Но тоа е друга тема, за темелноста и волонтаризмот при спроведувањето на таа акција. Паралелно со оваа акција, со години по ред се изведуваат друг тип активности поврзани со дрвото - илегално сечење на шумите и црн бизнис со продавање дрва за огрев. И тука беа потрошени милиони букови и дабови стебла за милиони евра - нелегална заработувачка. автор: Александар Дамовски | фото: Роберт Атанасовски     Извор: /www.mkd.mk/