Постови

Приказују се постови са ознаком македонски шуми

Јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”

Слика
Шумските пожари се голема закана за нашите шуми, бидејќи секоја година уништуваат значителна површина под шумска вегетација. Како резултат на климатските промени, нашата држава последните години особено е загрозема од деструктивната сила на шумските пожари, па затоа неопходно е надлежните да превземат одлучни чекори подигање свеста кај граѓаните и за зајакнување на капацитети за справување со оваа елементарна непогода. Со цел превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари и зголемување на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари, ЈП “Македонски шуми“ заедно со Противпожарниот сојуз на Македонија, на 18.06.2018 година (понеделник), во Скопје на Плоштад “Македонија“ со почеток во 11 часот ќе организираат јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”.  На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП “Македонски шуми“ на чело со помошник директорот на Секторот за заштита ...

Потпишан Меморандум за соработка за сертификација на шумите

Слика
На 05.06.2018 година, во просториите на ЈП Македонски шуми се потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА. Со Меморандумот за соработка во понатамошниот текст ќе се обезбеди основи за соработка меѓу Фармахем, кој ја претставува Програмата за зачувување на природата во Македонија - ПЗП, Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе-ЦНВП и Јавното претпријатие “Македонски шуми (ЈПМШ).  Според извори од ЈП “Македонски шуми“ настанот има исклучително важно значење за иднината на дрвопреработувачката индустрија во Р.Македонија и имплементација на современите текови во шумарството. -        Имајќи го предвид вниманието и напорите кои на глобално ниво се вложуваат за да се намалат негативните ефекти од климатските промени и улогата која ја имаат шумите во таа насока;  -        Знаејќи дека шумите имаат важна улога во апсорпција на ЦО2 од атмосферата;  -        Свесни за фактот дека шумите се важно жи...

Информација за медиумите од ЈП “Македонски шуми“ за акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

Слика
ЈП “Македонски шуми“ до медиумите испрати информација за Акцијата „Ден на дрвото засади ја својата иднина“. Ова е една многу интересна информација од која дознаваме дека јавното претпријатие било задолжено за избор на локациите за пошумување, но и од таму признаваат дека локациите кои ги избрале биле несоодветни ??? Ај нека им биде, иако прочка беше пред неколку денови, на оној кој признава пола му се прашта  J   Ова е за “без коментар“.  Во продолжение прочитајте го во целост информацијата. ЈП “Македонски шуми” од 2008 до 2016 година го спроведуваше проектот на Владата на Република Македонија, Акцијата „Ден на дрвото засади ја својата иднина“. Во сите изминати акции досега ЈП „Македонски шуми“ беше задолжено да обезбеди садници за пошумување на утврдени локации. Бевме задожени да бaраме локации за пошумување покрај населени места и блиску до пристапни патишта, како и косини покрај автопатиштата и средишниот простор на автопатиштата, покрај езерата и сл. ...