Постови

Приказују се постови са ознаком криминал

Скопјани наседнуваат на измама: Им се нудат евтини дрва за огрев

Слика
Три случаи во кои жители од неколку населби во главниот град се измамени на ист начин, се пријавени во полицијата во рок од само 10 дена, пишува Република. Измамниците, според информациите од дневните билтени на МВР, целат кон повозрасни граѓани на кои им нудат дрва за огрев по ниски цени, а кога тие заради примамливата цена ќе се заинтересираат да купат, ги праќаат на одредено место за да ги видат огревните дрва. Кога домаќинот ќе тргне да ги види дрвата, кои не постојат, тука измамниците го користат моментот, се враќаат во куќата каде им ги понудиле дрвата, лажејќи ја сопругата дека домаќинот ги пратил за таа да им даде пари. На овој начин настрадале најмалку тројца лица од Скопје кои биле измамени на ист начин. Според билтените на МВР, првиот кој настрадал, од оваа „шема“, а ја пријавил кај надлежните е 69-годишниот Т.Г. (69) од Скопје на кој преку оваа измама му земале 13 800 денари на 16. месецов. Потоа, само два дена подоцна на истиот начин бил измамен и В.Б. (73) од Ско...

За шумската мафија казни од 1,7 милиони евра

Слика
Во земјава постојат добро организирани групи на дрвокрадци, кои во некои случаи се поопремени и од самата шумска полиција. Оваа „шумска мафија“ буквално ги има соголено шумите во Скопско, но и Шар Планина, а последиците од бесправната сеча на дрва имаат далекусежни последици. Првиот човек на Шумската полиција, Ејуп Јаја вели дека последните случувања во Тетово, каде во големите поплави имаше и шестмина загинати, го вклучија алармот поврзан со долгогодишниот проблем со бесправната сеча на дрва, особено на Шара. Според него, последиците од дрвокрадството се огромни, како од материјален аспект, така и во однос на лизгање на земјиштата, надојдување на реките, намален шумски фонд, нарушување на човечката околина и слично.  Само за неколку месеци, како што информираше полицијата, во Скопско е опустошена шума вредна 200 илјади евра. Преценките на експертите се дека само во периодот од 2007 до 2010 година, Македонија годишно губела по околу 10 милиони евра од дива сеча. „Штетата од еколошк...