Кинески шумски фронт



Како дел од борбата против загадувањето Кина распореди 60.000 војници од својата армија на садење дрва низ земјата.
Најголемиот дел се од народната армија, а дел има и од полицијата, кои се повлечени од своите позиции на северната граница на земјата со Монголија и Русија, и прераспределени се на не-воени задачи во внатрешноста на земјата.
Војниците ќе бидат испратени во Хебеј провинцијата која го обиколува Пекинг. Областа е озлогласена по создавање на огромни количества смог кои го покриваат главниот град.


Проектот војници со лопати е дел од планот за пошумување на 84.000 километри квадратни со дрва до крајот на годината. Површина која отприлика е со иста големина како Ирска (Македонија е 25,7 илјади километри квадратни).
Планот е површините под шума во Кина до 2020 да се зголемат од 21% од вкупната територија на 23%. Според првиот човек на Кинески шуми до 2035 ова треба да достигне 26%.

Извор: /off.net.mk/


Коментари

Популарни постови са овог блога

[Интервју] Речиси 40 години нема попис на шумскиот фонд

Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица

Мистериозните “вонземски“ шумски кружни насади во Јапонија се резултат на 50 годишен експеримент