Водно со години го делкаат, „Паркови и зеленило“ со „врзани раце“ за да спречува шумски штети
Додека институциите со години си играат пинг-понг со документацијата за презаштита на Водно, шумскиот фонд постојано се делка, од сите страни на Скопје. И тоа без многу потешкотии. Парк-шумата е под ингеренции на „Паркови и зеленило“, но јавното претпријатие повеќе претставува нем набљудувач на уништувањето на белодробната оаза, отколку со одврзани раце да може да спречува и санкционира штета врз шума вредна илјадници евра. Со тоа, активно да спречува и загадување, и потенцијални ерозии и поплави во градот. Проблематично е што 20-ина шумарски документи-записници од 2013 и 2014 година немаат конечна разрешница. Односно, шумарот забележaл сеча во заштитеното подрачје, напишал записници за сторени прекршоци, пресметал на разни локации штети од 15.000, па се до над 500.000 денари. Меѓутоа „Паркови и зеленило“ нема преземено понатамошни мерки. Овие записници немаат правна „тежина“. Според записниците, најчесто под вид на штета е забележано „сечење дрвја“. Меѓу сторителите на прекр...