Што е биодиверзитет и зошто е важен за нас?
Воздухот што го дишете, водата што ја пиете и храната што ја јадете зависат од биодиверзитетот, кој во моментов е во криза – а ние сме причината за тоа. Што значи тоа за нашата иднина и како можеме да ја спречиме? од Дејмиен Керингтон (Damian Carrington) Уредник одговорен за теми за животната средина Што е биодиверзитет? Тоа е разновидноста на животните облици на Земјата, ги опфаќа сите форми и начините на интеракција меѓу нив. Дефиницијава звучи толку широка, што дури е збунувачка, а таква е ситуацијата и во реалноста. Биодиверзитетот е најсложената карактеристика на нашата планета, а истовремено и најважната. „Без биодиверзитет, не постои иднина за човештвото“, вели проф. Дејвид Мекдоналд (David Macdonald) од Универзитетот Оксфорд. Терминот првпат се појавил во 1985 година, тој претставува кратенка од зборовите „биолошки диверзитет“. Огромните глобални загуби за биодиверзитетот што сега стануваат очигледни, претставуваат криза што е еднаква со, ако не и погол...