Постови

Јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”

Слика
Шумските пожари се голема закана за нашите шуми, бидејќи секоја година уништуваат значителна површина под шумска вегетација. Како резултат на климатските промени, нашата држава последните години особено е загрозема од деструктивната сила на шумските пожари, па затоа неопходно е надлежните да превземат одлучни чекори подигање свеста кај граѓаните и за зајакнување на капацитети за справување со оваа елементарна непогода. Со цел превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари и зголемување на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари, ЈП “Македонски шуми“ заедно со Противпожарниот сојуз на Македонија, на 18.06.2018 година (понеделник), во Скопје на Плоштад “Македонија“ со почеток во 11 часот ќе организираат јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”.  На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП “Македонски шуми“ на чело со помошник директорот на Секторот за заштита ...

Со стотици илјади евра се опарија Пелистер, Галичица, Јасен, Водно, Матка, Преспанско....

Слика
Во Националниот Парк Пелистер беа промовирани осум големи грантисти на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над 4 милиони евра, финансирана од Европската унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Добитници на грантовите во висина од 250.000 до 350.000 евра се: 1.  НП Пелистер – Зајакнување на капацитетите на паркот преку едукација на вработените и мониторинг 2.  НП Галичица – Промоција, конзервација и мониторинг на биодиверзитетот 3.  НП Маврово – Конзервација и заштита на ретки видови 4.  Општина Дојран (Дојранско Езеро) – Обнова на екосистемот на Дојранско езеро 5.  Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани) – Подобрување на капацитетот на општина ресен за заштита и мониторинг на Преспанското Езеро и Паркот Езерани 6.  Град Скопје (Матка, Водно, Сарај) – Промоција на природните вредности на комплексот Водно-Матка-Сарај 7.  Јасен – заштита на разно...

Потпишан Меморандум за соработка за сертификација на шумите

Слика
На 05.06.2018 година, во просториите на ЈП Македонски шуми се потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА. Со Меморандумот за соработка во понатамошниот текст ќе се обезбеди основи за соработка меѓу Фармахем, кој ја претставува Програмата за зачувување на природата во Македонија - ПЗП, Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе-ЦНВП и Јавното претпријатие “Македонски шуми (ЈПМШ).  Според извори од ЈП “Македонски шуми“ настанот има исклучително важно значење за иднината на дрвопреработувачката индустрија во Р.Македонија и имплементација на современите текови во шумарството. -        Имајќи го предвид вниманието и напорите кои на глобално ниво се вложуваат за да се намалат негативните ефекти од климатските промени и улогата која ја имаат шумите во таа насока;  -        Знаејќи дека шумите имаат важна улога во апсорпција на ЦО2 од атмосферата;  -        Свесни за фактот дека шумите се важно жи...

Криминал со дрва вреден стотици илјади евра се случувал во беровско Русиново

Слика
Голем криминал со дрва се случувал во беровското село Русиново. Според информациите на ТВ Стар, автори на кражбата која веројатно траела со години се сопружници од истото село кои имале фирма за транспорт на дрва и силна логистичка заштита од поединци на тамошната шумска полиција. Нашите соговорници  кои не контактираа тврдат дека во изминатиот период најмалку два камиони дневно крадени дрва заминувале за Кочани и други места во Источниот регион. Колкав период точно се случувал овој организиран криминал ќе се утврдува, но нашите соговорници се категорични дека станува збор за времеснки опсег од повеќе години во кој непречено функционирала спрегата помеѓу сопружничката фирма и поединци од шумската полиција. Во него, според најгруба калкулација поединци незаконски се исечени десеттици илјади кубни метри дрва, а во џеб сопружниците и нивните соработници ставиле стотици илјади евра. ТВ Стар во текот на денот ги контактираше надлежните во Министерството за  земјоделство од каде ни ...

Му ја скршиле главата бидејќи пријавил дрвокрадци

Слика
Во последно време дрвокрадците имаат земено толку голема сила, што почнуваат и физички да се пресметуваат со секој кој ќе се обиде да им застане на патот. За дрскоста на дрвокрадците говори и следниот пример кој ни доаѓа од струмичко. 70-годишниот Јосе Петров од струмичкото село Градашорци по нападот од непознати сторители едвај останал жив , бидејќи пријавил кај надлежните органи нелегална сеча на огревно дрво во неговиот имот . Јосе Петров при в раќа ње од пчеларникот кој му се наоѓал во селото Варварица, од двајца негови пријатели бил информиран дека во неговата семејна корија имало дрвокрадци со три запрежни возила кои му ги сечат дрвата . Вознемирен тој в еднаш му се јавил на неговиот брат за да ја информира и повика шумската и цивилната полиција , без притоа да претпостави дека бил следен од неколку лица кои најверојатно биле во спрега со дрво крадците. Откако дрвокрадците чуле дека се алармирани надлежните и дека се чека да пристигнат на лице мсто , од заседа го напад...

Скопјани наседнуваат на измама: Им се нудат евтини дрва за огрев

Слика
Три случаи во кои жители од неколку населби во главниот град се измамени на ист начин, се пријавени во полицијата во рок од само 10 дена, пишува Република. Измамниците, според информациите од дневните билтени на МВР, целат кон повозрасни граѓани на кои им нудат дрва за огрев по ниски цени, а кога тие заради примамливата цена ќе се заинтересираат да купат, ги праќаат на одредено место за да ги видат огревните дрва. Кога домаќинот ќе тргне да ги види дрвата, кои не постојат, тука измамниците го користат моментот, се враќаат во куќата каде им ги понудиле дрвата, лажејќи ја сопругата дека домаќинот ги пратил за таа да им даде пари. На овој начин настрадале најмалку тројца лица од Скопје кои биле измамени на ист начин. Според билтените на МВР, првиот кој настрадал, од оваа „шема“, а ја пријавил кај надлежните е 69-годишниот Т.Г. (69) од Скопје на кој преку оваа измама му земале 13 800 денари на 16. месецов. Потоа, само два дена подоцна на истиот начин бил измамен и В.Б. (73) од Ско...

Јоргованот украс на дворовите и симбол на љубовта

Слика
Подрачјето на кое се наоѓа нашата држава се карактеризира со голема разноликост на растителни видови. Голем дел од нив поседуваат големи декоративни својства, поради што населението одсекогаш ги користело за украсување на дворовите. Со текот на годините народот почнал да им дава разни симболики, така што денес голем дел од овие растенија се дел од фолклорот на нашиот народ. Едно од оние растенија кои обично ги преживуваат сите епохи и стилови е старинскиот вечен јоргован. Уште од многу одамна јоргованот се користел за чистење на домот од зли духови, за благослов и внесување на позитивна енергија во куќата. Според грчката легенда, Пан, богот на шумата ја сретнал нимфата Сиринг, па тргнал по неа, убавата нимфа се исплашила па сакајќи да се скрие од него се претворила во мирисно дрво – цвет кој денес се нарекува Јоргован. Помеѓу цевеќето, Јоргованот има своја посебна симболика. Симболизира вистинска љубов, а белиот јоргован пак симболизира младалачка невиност. Белиот Јоргованот симболизир...