Постови

Криминал со дрва вреден стотици илјади евра се случувал во беровско Русиново

Слика
Голем криминал со дрва се случувал во беровското село Русиново. Според информациите на ТВ Стар, автори на кражбата која веројатно траела со години се сопружници од истото село кои имале фирма за транспорт на дрва и силна логистичка заштита од поединци на тамошната шумска полиција. Нашите соговорници  кои не контактираа тврдат дека во изминатиот период најмалку два камиони дневно крадени дрва заминувале за Кочани и други места во Источниот регион. Колкав период точно се случувал овој организиран криминал ќе се утврдува, но нашите соговорници се категорични дека станува збор за времеснки опсег од повеќе години во кој непречено функционирала спрегата помеѓу сопружничката фирма и поединци од шумската полиција. Во него, според најгруба калкулација поединци незаконски се исечени десеттици илјади кубни метри дрва, а во џеб сопружниците и нивните соработници ставиле стотици илјади евра. ТВ Стар во текот на денот ги контактираше надлежните во Министерството за  земјоделство од каде ни ...

Му ја скршиле главата бидејќи пријавил дрвокрадци

Слика
Во последно време дрвокрадците имаат земено толку голема сила, што почнуваат и физички да се пресметуваат со секој кој ќе се обиде да им застане на патот. За дрскоста на дрвокрадците говори и следниот пример кој ни доаѓа од струмичко. 70-годишниот Јосе Петров од струмичкото село Градашорци по нападот од непознати сторители едвај останал жив , бидејќи пријавил кај надлежните органи нелегална сеча на огревно дрво во неговиот имот . Јосе Петров при в раќа ње од пчеларникот кој му се наоѓал во селото Варварица, од двајца негови пријатели бил информиран дека во неговата семејна корија имало дрвокрадци со три запрежни возила кои му ги сечат дрвата . Вознемирен тој в еднаш му се јавил на неговиот брат за да ја информира и повика шумската и цивилната полиција , без притоа да претпостави дека бил следен од неколку лица кои најверојатно биле во спрега со дрво крадците. Откако дрвокрадците чуле дека се алармирани надлежните и дека се чека да пристигнат на лице мсто , од заседа го напад...

Скопјани наседнуваат на измама: Им се нудат евтини дрва за огрев

Слика
Три случаи во кои жители од неколку населби во главниот град се измамени на ист начин, се пријавени во полицијата во рок од само 10 дена, пишува Република. Измамниците, според информациите од дневните билтени на МВР, целат кон повозрасни граѓани на кои им нудат дрва за огрев по ниски цени, а кога тие заради примамливата цена ќе се заинтересираат да купат, ги праќаат на одредено место за да ги видат огревните дрва. Кога домаќинот ќе тргне да ги види дрвата, кои не постојат, тука измамниците го користат моментот, се враќаат во куќата каде им ги понудиле дрвата, лажејќи ја сопругата дека домаќинот ги пратил за таа да им даде пари. На овој начин настрадале најмалку тројца лица од Скопје кои биле измамени на ист начин. Според билтените на МВР, првиот кој настрадал, од оваа „шема“, а ја пријавил кај надлежните е 69-годишниот Т.Г. (69) од Скопје на кој преку оваа измама му земале 13 800 денари на 16. месецов. Потоа, само два дена подоцна на истиот начин бил измамен и В.Б. (73) од Ско...

Јоргованот украс на дворовите и симбол на љубовта

Слика
Подрачјето на кое се наоѓа нашата држава се карактеризира со голема разноликост на растителни видови. Голем дел од нив поседуваат големи декоративни својства, поради што населението одсекогаш ги користело за украсување на дворовите. Со текот на годините народот почнал да им дава разни симболики, така што денес голем дел од овие растенија се дел од фолклорот на нашиот народ. Едно од оние растенија кои обично ги преживуваат сите епохи и стилови е старинскиот вечен јоргован. Уште од многу одамна јоргованот се користел за чистење на домот од зли духови, за благослов и внесување на позитивна енергија во куќата. Според грчката легенда, Пан, богот на шумата ја сретнал нимфата Сиринг, па тргнал по неа, убавата нимфа се исплашила па сакајќи да се скрие од него се претворила во мирисно дрво – цвет кој денес се нарекува Јоргован. Помеѓу цевеќето, Јоргованот има своја посебна симболика. Симболизира вистинска љубов, а белиот јоргован пак симболизира младалачка невиност. Белиот Јоргованот симболизир...

Како да се одреди типот на земјиштето?

Слика
Бесплатно направете си сами анализа на земјиштето. За да одредите кој тип на земјиште припаѓа вашето земјиште, следете ги овие чекори. Составот на земјиштето е од огромно значење за приносот на нивата, од градината или овоштарник. Ако почвата содржи вишок песок, водата и хранливите материи ќе се исушат побрзо. Културите на оваа почва треба повеќе оплодување и наводнување. Од друга страна, глинените почви содржат изобилство на хранливи материи, но толку добро ја сочуваат водата што можат да ја "убијат" посадената култура. Во исто време тие тешко примаат топлина. Најдобра е црната растресита земја богата со минерали која чува добри хранливи материи и доволна влажност, со истовремено слободен проток на вода. Наполнете ја теглата до половина со земјата; Додај вода до врвот; Затворете го капакот и енергично се тресат неколку минути; Оставете ја теглата најмалку два часа за да се одвојат три слоја: тиња, песок и глина. На дното ќе бидат најтешки делови, камчиња и песок, во срединат...

“Мечките“ и објавија војна на шумската мафија – текст од 2008 година

Слика
Справувањето со нелегалните сечи и дрвокрадците е тешка и исклучително опасна работа. Припадниците на шумската полиција во текот на своите должности наидуваат на големи пречки и опасности, бидејќи често на терен се судруваат со побројни, добро организирани и вооружени групи, кои со своите дејства предизвикуваат ситуации кои се опасни по животот на шумските полицајци. Ваквите ситуации и организација на дрвокрадците кои имаат елементи на шумска мафија, наложуваат и промена на пристапот и стратегијата во борбата против нив. Се чини дека добра идеја која беше реализирана во минатото, беше формирањето специјална мобилна единица "мечки". Иако многумина го оспоруваа нивното постоење, се чини дека сепак идејата беше добра и ефикасна, но по се изгледа на некого не му одговарало да постои ефикасен систем на борба со шумската мафија, па после кратко време се најдоа “мал милион“ причини истата да биде укината и расформирана. Карактеристика на оваа единица беше добрата обученост, опремено...

Топола, скопски непријател број 1

Слика
Двајца патници, измачени од горештина, се нашле околу пладне до една топола . Дошле под неа и легнале у сенка да одморат. Кога се одмориле, едниот од нив погледнал нагоре по тополата и му рекол на другиот дека ова стебло е неплодно и за луѓето некорисно. Тополата тогаш одговорила: Неблагодарници ниедни! Ме прогласувате за некорисна и неплодна, а уште седите под мојата сенка и уживате од моето доброчинство. Што е Топола? Топола е листопадно дрво од родот врби. Може да порасне и до 30-40 метри у висина. Кај нас природно се застапени: црната, белата и сивата топола. Карактеристично за ова дрво е што брзо расте у висина. За 5 години може да порасне до 10 метри. Зашто се исечени Тополите у Скопје? У Скопје за 10 години се пресечени поише од 800 Тополи. Или шо ќе рече у Скопје више нема Тополи. Се сечат зато шо наводно биле стари и суви, зато шо предизвикувале алергии, зато шо пензионери барале, и зато шо немале апсолутно никакво позитивно влијание на околината, па како такви се оценети како...