Постови

Од ДОМ реагираат дека дивата сеча ја уништува шумата на Јакупица

Слика
Претставници од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ), пратеничката Лилјана Поповска, Мирослав Богдановски, Ервин Реџепагиќ и Дарко Кржаровски, на барање на планинари и екологисти од Велес, кои се загрижени поради уништување на природата, беа на увид на падините на Јакупица во делот на општина Чашка. За време на обиколката на теренот тие истакнаа дека имале можност лично да се уверат дека планинскиот масив Јакупица е изложен на систематско опустошување од сечење на шумите. „Веќе со години се сече и државна и приватна шума до голосек, не водејќи сметка за обновување. Животната средина е сериозно загрозена и со фрлањето отпад во реките, особено во реката Тополка, која се влева во хидросистемот Лисиче, од кој Велес се снабдува со вода“, велат од партијата ДОМ. Екипата од ДОМ предводена од Лилјана Поповска се сретнала и со градоначалникот на оштина Чашка, Горан Стојановски, со кого разговарале за начинот за надминување на проблемите. После средбата од ДОМ изјавија дека заеднички...

Протест пред МЗШВ на шумските полицајци поради лошите услови за работа

Слика
Неостварените ветувања и недоволниот ангажман за решавање на наталожените проблеми на припадниците на шумската полиција, денеска резултираа со протест  пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на кој од министерот Љупчо Николовски побараа подобрување на условите во кои работат. Ти е побараа да им се плати прекувремената работа и работата во смени, како и во најскоро време да се потпише колективен договор. Вработените во шумската полиција најавуваат радикализација на протестот ако во наредните недели не најдат заедничко решение за проблемите со кои се судруваат. „Доколку не ни излезат во пресрет најавуваме помасовни протести, а ако и тоа не вроди со плод крајна цел е генерален штрајк“, изјави Никола Гаговски претседател на независен синдикат на шумска полиција. „Ако има штрајк, 50% од вработените ќе бидат на работа. Тоа е согласно законот“, рече Слободан Маневски заменик претседател на независен синдикат на шумска полиција. Од Министерството за земјоделство, ...

Девастирачка моќ на шумскиот пожар кај Требовље

Слика
Минатата година пределот кај селото Требовље во регионот на Македонски Брод беше зафатен од голем шумски пожар. Шускиот пожар беснееше повеќе од еден месец и за негово локализирање беа употребени сите расположливи средства, вклучително и авионите за гаснење шумски пожари и хиликоптери, кои заедно со против пожарните единици, вработените од ДЗС, ЈПМШ, локалните власти, припадници на армијата и со локаното население со големи маки успеава да го стават под контрола. Сепак останува гочливиот впечаток дека н еспремноста, необученоста, несоодветната опременост и несериозниот однос на поголем дел од надлежните институци, предизвика овој шумски пожар да земе голем замав и да предизвика девастирање на овој дел од нашата држава кој се карактеризираше со невообичаена убавина, за чие опоравување ќе бидат потребни повеќе декади.   Една година потоа, изгорените стебла и девастираната околина остануваат како неми сведоци на разорната моќ на шумските пожари, да ни укажуваат дека е крајно време да...

Скопските новороденчиња од градот ќе добијат на подарок дрво со нивните податоци

Слика
Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов денеска најави дека з а секое новороденче во Скопје ќе се засади дрво. За та цел г радоначалникот денеска потпиша меморандум за спроведување на проектот со гинеколошко-акушерските клиники во Скопје , во рамките на кој сите р одители кои би сакале  нивното дете да има дрво со неговите податоци . Тие за ова ќе можат да се пријават во Град Скопје, а од таму ќе засад ат дрво во текот на сезонските акции за зазеленување на градот. Веднаш п о напуштање на гинеколошката клиника, заинтересираните родители ќе треба да го пријават добиениот кодот на телефонскиот број 071/395-395, од каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации. „Заедно со гинеколошко-акушерските клиники и ЈП ’Паркови и зеленило‘ ја почнуваме реализацијата на проектот ’Дрво за секое дете‘. Преку овој проект, им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има п...

Рудникот САСА заедно со Шумарскиот факултет од Скопје започна проект за пошумување на јаловиштето и локалните ерозивни подрачја

Слика
На Меѓународниот ден на шумите, 21 Март, рудникот САСА потпиша меморандум со Шумарскиот факутет од Скопје за долгорчна соработка во реализација на активности од областа на животната средина и тоа: производство на растителен саден материјал пошумување на јаловишта и голини и одгледување, нега и заштита на пошумени насади и научни истражувања. Со меморандумот двете страни се договорија да формираат расадник, во сопственост на рудниот САСА, за производство на шумски саден материјал. Сите финасиски средства за реализација на довореното, вклучувајќи ја изградбата и одржувањето на расадникот, ги обезбедува рудникот. „Со дел од садниците кои ќе бидат одгледани во расадникот ќе биде пошумено досегашното јаловиште на рудникот, со што обезбедуваме овој терен целосно да се врати во својата природна форма. Останатите садници ќе бидат наменети за пошумување на голите ридови во поширокиот регион што ќе влијае на намалување на ерозијата на земјиштето и појавата на одрони кои предизвикуваат чести проб...

Денеска е ден на шумите кој се одбележува со мото „Шумите и одржливи градови“

Слика
На 21 март го одбележуваме меѓународниот ден на шумите. Оваа глобално одбележување на шумите овозможува платформа за подигање на свеста кај луѓето за значењето на сите видови шуми и дрвја, како и оддавање на значење на одржливоста и нивната заштитна финкција кон нас. Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите, настанала на седница на Генералното собрание на Европската земјоделска конфедерација во 1971 година, кога е одлучено тоа да биде 21. март, како ден на есенска рамноденица на јужната односно пролетната на северната хемисфера. Оваа идеја подоцна е поддржана и од ФАО, со цел да се потенцира зголемувањето на свеста за потребата од зачувувањето на шумите и шумските екосистеми. Бидејќи шумите и урбаното зеленило се значајни фактори за квалитетен живот во урбаните заедници, оваа година тема на денот е „Шумите за одржливи градови“. Со тоа се сака да се укаже дека во и надвор од градовите заштитата на шумите треба да е приоритет. Главни пораки од овогидошното одбележување...

Додека светот зборува за климатските промени, Македонија трескавично ги уништува шумите (ФОТО+АУДИО)

Слика
За акцијата „Ден на дрвото" официјално беше кажано дека се потрошени 18 милиони евра, милиони дрвца беа насадени насекаде низ Македонија. Само 21 отсто од тие дрвца се фатија. Но тоа е друга тема, за темелноста и волонтаризмот при спроведувањето на таа акција. Паралелно со оваа акција, со години по ред се изведуваат друг тип активности поврзани со дрвото - илегално сечење на шумите и црн бизнис со продавање дрва за огрев. И тука беа потрошени милиони букови и дабови стебла за милиони евра - нелегална заработувачка. автор: Александар Дамовски | фото: Роберт Атанасовски     Извор: /www.mkd.mk/