Постови

Приказују се постови за фебруар, 2019

Мара Апелхаген, активист: Шумскиот отпор во Хамбах е протест против капитализмот, но и симбол на солидарност

Слика
„Отпорот во шумата Хамбах е симбол на борбата против капитализмот, профитерството и уништувањето на шумите. Симбол е на активизам, но и на солидарност против ископувањето на јагленот, протест против индустријата на фосилните горива. Дел е и од пошироко движење низ Германија поврзано со климатските промени. Разни луѓе, екологисти, активисти, љубители на природата, на одржливиот начин на живот – доаѓаат, застануваат со своите тела да ја бранат шумата. Ова е многу важна битка, за иднината!“, вели германската активистка Мара Апелхаген во интервју за Радио МОФ. Апелхаген ја сретнавме на скалите пред Филолошки факултет. Насмеана и приземна, со фотоапаратот сликаше наоколу. Се интересираше за околината, младите, студентите, за активностите од универзитетскиот кампус. Будно прашуваше и за активизмот во земјава, низ призма на одржување граѓанска искра – за промени. Апелхаген живее и студира во Минхен. Студентка е на Рејчел Карсон Центарот за животна средина при Универзитетот Лудвих Мак...