Поучна приказна: Дрвото кое постојано дава
Еднаш многу одамна на некое место постоело големо дрво каде што секојдневно доаѓало едно мало момче за да си игра. Тоа се качувало на врвот, ги јадело плодовите, се одморало под сенката… Така го засакало дрвото и сакало да си игра со него. Но, откако пораснало, веќе немало навика да си игра со него. Еден ден, тоа отишло до него со тажен израз на неговото лице. „Дојди, играј си со мене“, му рекло дрвото на момчето. „Јас не сум повеќе дете и не си играм околу дрвјата“, одговорило момчето. „Сакам играчки, потребни ми се пари за да си ги купам.“ На ова дрвото рекло: „Извини, јас немам пари… но можеш да ги собереш моите плодови, да ги продадеш и ќе имаш пари.“ Момчето многу се возбудило, ги собрало плодовите и среќно си заминало. Дрвото било тажно затоа што момчето не се вратило повторно. Еден ден, момчето кое веќе станало маж, се вратило. Дрвото било премногу возбудено од тоа и го повикало да си играат. На ова, мажот одговорил: „Немам време да си играм. Морам да работам за моето семејствот...