Сиромаштијата чука на портите: Домаќинствата се повеќе се греат на дрва како певтина варијанта
Според податоците од заводот за статистика на Македонија, струјата е најчестиот вид енергија што го трошат македонските домаќинства. Електричната енергија учествува со дури 50,3 отсто во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата. Но, тоа што е интересно во статистичкиот извештај за 2017 година од шумарска гледна точка е зголемената употреба на биомасата, односно на дрва за греење. Податоците укажуваат на тоа дека од година во година наместо овој процент да опаѓа, што може да биде индикатор на намалување на животниот стандард на граѓаните кои се приморани да се враќаат на повтини начини на затоплување на своите домови. Нивното учество во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата лани достигна 40,5 отсто, додека претходната година овој процент изнесуваше 37,5 отсто. Тоа е уште еден индикатор дека домаќинствата се повеќе се греат на дрва отколку на нови современи и еколошки начини за затоплување на домовите кои се поскапа варијанта од затоплување со дрвото. Во многу ...