Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица
Високо издигнат над градот Струмица и Струмичката котлина се наоѓа локалитетот Чам Чифлик. Првично со решение на Националниот институт за заштита на спомениците на културата, шумата од црн бор во локалитетот Чам Чифлик е прогласена за специјален резерват. Сега локалитетот се наоѓа во категоријата Парк на природата заедно со локалитети како Катлановски предел и Езерани. Специфичните карактеристики на растителниот свет, како и вредностите на просторот проткаени со геолошки форми, се елементи кои ја прават една од позначајните шумски заедници - термофилната заедница од црн бор. Црниот бор во месноста Чам Чифлик е подвид на кримскиот бор. Овој вид бор кој е со широко развиена крошна, дебели гранки и крупни лисја е шумско дрво на приморската област во Мала Азија. Во нашата земја се среќава и во околината на Гевгелија. На десната страна од патот што води од Струмица кон локалитетот, на рамнината која е на 510 метри надморска височина, сé до 1913 година постоело селото чие име било...