Постови

Приказују се постови за август, 2018

Изгаснат шумски пожар во Делчево

Слика
Оваа година нашата држава беше поштедена од големи шумски пори, како оние кои во изминатите години причинија големи штети врз шумскиот фонд и го отежнуваа извршувањето на тековните работи на ЈП “Македонски шуми“. Како потсетување дека секогаш треба да сме подготвени да реагираме навремено е шумскиот пожар кој во текот на вчерашниот ден во Делчевско, при што горела борова и дабова шума, како и нискостеблеста трева. За среќа повредени нема, туку е причинети само материјална штета. Според информации од МВР, првиот пожар избувнал вчера околу 11 часот кај месноста “Цветков чукар“ во близина на делчевското село Нов Истевник. Со овој шумски пожар била опфатена околу 5-6 хектари нискостеблеста дабова и борова шума. На местото веднаш излегле екипи од Шумското стопанство „Голак“-Делчево и територијалната противпожарна единица Делчево, кои го локализирале пожарот околу 15:20 часот. Вториот пожар во Полициската станица во Штип од вработен во Територијалната противпожарна единица...

Словенија прогласена за најчиста земја на светот!

Слика
Во балканскиот регион, на екс-ју просторите, се наоѓа најчистата земја на светот, со индекс од 96/100 за одржливост, екологија и природни резерви Обединетите нации, 2017-та година ја прогласиле за „Меѓународна година за одржување на развојот на туризмот“. Земјата која добила најмногу поени во сите категории, а со тоа добила и титула како победник е Словенија. Како критериуми за рангирање биле земени грижата за околината, стратегијата за справување со климатски промени, биодиверзитет, еколошка свесност, така што титулата е сосема очекувана, бидејќи во 2016 Љубљана беше најзелен град во Европа. Словенците можат да се пофалат со селектирање на отпадот и негово рециклирање, но и мотивацијата за користење велосипеди и јавен превоз. Исто така, Словенија во најголем дел веќе е гасифицирана и се користи природен гас, а со тоа се намалува загадувањето. Во Словенија најмалку една третина од вкупниот годишен отпад се рециклира. Драстично е намалена емисијата на штетни гасови со воведувањето јавни...

Градоначалничката на Тетово побара од МВР да го сопрат уништувањето на шумите на Шар Планина

Слика
По се изгледа локалните власти се решени да ги превземат работите во свои раце и да го сопрат уништувањет она шумите.  Па така, врз основа на поплаките на своите граѓани за сечење на дрва на недозволени места и оштетување на планината и животната средина, општината побара од МВР да интервенира и навреме да се прекине масакрот на планината. Ова би требало да биде сериозен сигнал и за институциите и јавните претпријатија кои се надлежни за чување на шумите посериозно да си ја сфатат работата, бидејќи се повеќе се интензивира револтот и незадоволството помеѓу граѓаните поради масовното уништување на шумите и експанзијата на шумскиот криминал. Покрај тоа големиот степен на уништивање на државните шуми може да остави впечаток за јавното претпријатие кое е задолжено да се грижи за државните шуми и шумски фонд, како и преку одржливо стопанисување да ги снабдува граѓаните со огревно дрво, дека не е способно да ја извршува функцијата за која е формирано. Таквата состојба би можело  да ...

„Се остварува мојот најлош кошмар“: последната голема древна шума во Европа на работ на колапс

Слика
Научниците и активистите за животната средина ја обвинија полската влада дека го донела екосистемот на Бјаловјешката шума во североисточниот дел на Полска на „работ на колапс“, една година откако со ревидираниот план за стопанисување со шумите беше дозволено трикратно зголемување на сечењето и беше укината забраната за сечење во прашумските области, пренесува Гардијан. Големи делови од шумата, која се протега на источната полска граница со Белорусија и ја содржи последната преостаната прашума во Европа, се подложени на природни процеси невознемирени од директна човечка интервенција. Како локација од природното светско наследство на УНЕСКО - единствената во Полска - шумата е дом на околу 1.070 вида васкуларни растенија, 4.000 видa габи, повеќе од 10.000 вида инсекти, 180 вида птици и 58 вида цицачи, вклучувајќи и многу видови зависни од природните процеси, на кои им се заканува истребување. „Во одреден момент ќе дојде до колапс, а ако и кога ќе се случи тоа, ќе ја снема засекогаш - ...

Јабланица – нов национален парк? – повеќе од потреба!

Слика
Природното богатство на Република Македонија во годините наназад било и институционално дефинирано, преку прогласување на заштитени зони, објекти и сл. Денес, покрај трите национални паркови – Маврово, Галичица и Пелистер, и други предели во државата со своите природни убавини и богатство од флора и фауна, испреплетена со најразлични геоморфолошки форми, отвораат можности за прогласување на нови заштитени подрачја. Шар Планина, Јакупица, Осогово, Малешевијата, Мариово, … но, и планината Јабланица. Забрзаниот процес на деградација на животната средина и уништувањето на природното богатство, ги натера екологистите да излезат со предлог: Планината Јабланица да се прогласи за нов национален парк. Само на тој начин државата ќе може да ги заштити ретките природни богатства од неконтролираното искористување и уништување. Пустошењето и сечењето на шумата, што е законски надозволиво, е закана од ерозија на земјиштето на планината, а  тоа е аргумент плус, зошто државата треба да поведе грижа...

Беровец починал од повреди здобиени при сеча

Слика
За тоа дека работата во шумарството е опасна и тешка, докажуваи фактот дека често се случуваат несреќе кои неретко се и со фатални последици. Најнов пример за тоа ни пристигнува од Берово. Педесет и едно годишниот   Г.Ѓ. од Берово починал од здобиените повреди во пределот на главата здобиени при сеча на борови стебла во месноста Ормане – Царев Двор. Според соопштението на МВР, оваа несреќа се случила околу 12 часот. Сега починатиот бил со повеќе лица и неговиот син, кои веднаш се обиделе да му пружат помош. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Систина“ – Скопје, но за жал им подлегнал на поредите. На лице место на настанот увид извршила екипа од Полициската станица од Берово и се преземаат мерки за пасчистување на случајот. Ваквите немили настани се порака за сите вработени во шумарството дека трена да се биде многу внимателен при работи во шума, да се користат средства за заштита при работа и да се превземаат сите мерки за избегнување на несреќи при ра...

Ракот ја јаде костеновата шума на Шара

Слика
Ракот на кората на костенот полека, но сигурно, го доведува во прашање опстанокот на костеновата шума на Шар Планина. Поради оваа болест, предизвикана од аскомицетна габа, костеновите стебла се сушат, а болеста се шири во сите делови на Шарпланинскиот масив. Од Институтот за одржлив и регионален развој, велат дека државата ако сака, може да помогне да се спречи оваа појава и костенот пак да го има во изобилство на Шар Планина.  - Првиот чекор е чистење и отстранување на стеблата заболени од рак и потоа да се запали таа површина за целосно да исчезне ракот. Потоа, на тие површини да се засадат нови површини со костен. Сите овие чекори треба да ги финансира државата и да се спроведат според програмите на институциите, во спротивно ќе ја изгубиме костеновата шума на Шар Планина - рече Сашо Матовски од Институтот за одржлив и регионален развој „Бела Виста“.  Населението што живее во шарпланинските села и во населените места на подножјето од оваа планина, велат дека во минатото, го...