Постови

Приказују се постови за јун, 2018

Јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”

Слика
Шумските пожари се голема закана за нашите шуми, бидејќи секоја година уништуваат значителна површина под шумска вегетација. Како резултат на климатските промени, нашата држава последните години особено е загрозема од деструктивната сила на шумските пожари, па затоа неопходно е надлежните да превземат одлучни чекори подигање свеста кај граѓаните и за зајакнување на капацитети за справување со оваа елементарна непогода. Со цел превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари и зголемување на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари, ЈП “Македонски шуми“ заедно со Противпожарниот сојуз на Македонија, на 18.06.2018 година (понеделник), во Скопје на Плоштад “Македонија“ со почеток во 11 часот ќе организираат јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”.  На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП “Македонски шуми“ на чело со помошник директорот на Секторот за заштита ...

Со стотици илјади евра се опарија Пелистер, Галичица, Јасен, Водно, Матка, Преспанско....

Слика
Во Националниот Парк Пелистер беа промовирани осум големи грантисти на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над 4 милиони евра, финансирана од Европската унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Добитници на грантовите во висина од 250.000 до 350.000 евра се: 1.  НП Пелистер – Зајакнување на капацитетите на паркот преку едукација на вработените и мониторинг 2.  НП Галичица – Промоција, конзервација и мониторинг на биодиверзитетот 3.  НП Маврово – Конзервација и заштита на ретки видови 4.  Општина Дојран (Дојранско Езеро) – Обнова на екосистемот на Дојранско езеро 5.  Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани) – Подобрување на капацитетот на општина ресен за заштита и мониторинг на Преспанското Езеро и Паркот Езерани 6.  Град Скопје (Матка, Водно, Сарај) – Промоција на природните вредности на комплексот Водно-Матка-Сарај 7.  Јасен – заштита на разно...

Потпишан Меморандум за соработка за сертификација на шумите

Слика
На 05.06.2018 година, во просториите на ЈП Македонски шуми се потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА. Со Меморандумот за соработка во понатамошниот текст ќе се обезбеди основи за соработка меѓу Фармахем, кој ја претставува Програмата за зачувување на природата во Македонија - ПЗП, Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе-ЦНВП и Јавното претпријатие “Македонски шуми (ЈПМШ).  Според извори од ЈП “Македонски шуми“ настанот има исклучително важно значење за иднината на дрвопреработувачката индустрија во Р.Македонија и имплементација на современите текови во шумарството. -        Имајќи го предвид вниманието и напорите кои на глобално ниво се вложуваат за да се намалат негативните ефекти од климатските промени и улогата која ја имаат шумите во таа насока;  -        Знаејќи дека шумите имаат важна улога во апсорпција на ЦО2 од атмосферата;  -        Свесни за фактот дека шумите се важно жи...