Криминал со дрва вреден стотици илјади евра се случувал во беровско Русиново
Голем криминал со дрва се случувал во беровското село Русиново. Според информациите на ТВ Стар, автори на кражбата која веројатно траела со години се сопружници од истото село кои имале фирма за транспорт на дрва и силна логистичка заштита од поединци на тамошната шумска полиција. Нашите соговорници кои не контактираа тврдат дека во изминатиот период најмалку два камиони дневно крадени дрва заминувале за Кочани и други места во Источниот регион. Колкав период точно се случувал овој организиран криминал ќе се утврдува, но нашите соговорници се категорични дека станува збор за времеснки опсег од повеќе години во кој непречено функционирала спрегата помеѓу сопружничката фирма и поединци од шумската полиција. Во него, според најгруба калкулација поединци незаконски се исечени десеттици илјади кубни метри дрва, а во џеб сопружниците и нивните соработници ставиле стотици илјади евра. ТВ Стар во текот на денот ги контактираше надлежните во Министерството за земјоделство од каде ни ...