Скопјани наседнуваат на измама: Им се нудат евтини дрва за огрев
Три случаи во кои жители од неколку населби во главниот град се измамени на ист начин, се пријавени во полицијата во рок од само 10 дена, пишува Република. Измамниците, според информациите од дневните билтени на МВР, целат кон повозрасни граѓани на кои им нудат дрва за огрев по ниски цени, а кога тие заради примамливата цена ќе се заинтересираат да купат, ги праќаат на одредено место за да ги видат огревните дрва. Кога домаќинот ќе тргне да ги види дрвата, кои не постојат, тука измамниците го користат моментот, се враќаат во куќата каде им ги понудиле дрвата, лажејќи ја сопругата дека домаќинот ги пратил за таа да им даде пари. На овој начин настрадале најмалку тројца лица од Скопје кои биле измамени на ист начин. Според билтените на МВР, првиот кој настрадал, од оваа „шема“, а ја пријавил кај надлежните е 69-годишниот Т.Г. (69) од Скопје на кој преку оваа измама му земале 13 800 денари на 16. месецов. Потоа, само два дена подоцна на истиот начин бил измамен и В.Б. (73) од Ско...