Постови

Приказују се постови за март, 2018

Рудникот САСА заедно со Шумарскиот факултет од Скопје започна проект за пошумување на јаловиштето и локалните ерозивни подрачја

Слика
На Меѓународниот ден на шумите, 21 Март, рудникот САСА потпиша меморандум со Шумарскиот факутет од Скопје за долгорчна соработка во реализација на активности од областа на животната средина и тоа: производство на растителен саден материјал пошумување на јаловишта и голини и одгледување, нега и заштита на пошумени насади и научни истражувања. Со меморандумот двете страни се договорија да формираат расадник, во сопственост на рудниот САСА, за производство на шумски саден материјал. Сите финасиски средства за реализација на довореното, вклучувајќи ја изградбата и одржувањето на расадникот, ги обезбедува рудникот. „Со дел од садниците кои ќе бидат одгледани во расадникот ќе биде пошумено досегашното јаловиште на рудникот, со што обезбедуваме овој терен целосно да се врати во својата природна форма. Останатите садници ќе бидат наменети за пошумување на голите ридови во поширокиот регион што ќе влијае на намалување на ерозијата на земјиштето и појавата на одрони кои предизвикуваат чести проб...

Денеска е ден на шумите кој се одбележува со мото „Шумите и одржливи градови“

Слика
На 21 март го одбележуваме меѓународниот ден на шумите. Оваа глобално одбележување на шумите овозможува платформа за подигање на свеста кај луѓето за значењето на сите видови шуми и дрвја, како и оддавање на значење на одржливоста и нивната заштитна финкција кон нас. Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите, настанала на седница на Генералното собрание на Европската земјоделска конфедерација во 1971 година, кога е одлучено тоа да биде 21. март, како ден на есенска рамноденица на јужната односно пролетната на северната хемисфера. Оваа идеја подоцна е поддржана и од ФАО, со цел да се потенцира зголемувањето на свеста за потребата од зачувувањето на шумите и шумските екосистеми. Бидејќи шумите и урбаното зеленило се значајни фактори за квалитетен живот во урбаните заедници, оваа година тема на денот е „Шумите за одржливи градови“. Со тоа се сака да се укаже дека во и надвор од градовите заштитата на шумите треба да е приоритет. Главни пораки од овогидошното одбележување...

Додека светот зборува за климатските промени, Македонија трескавично ги уништува шумите (ФОТО+АУДИО)

Слика
За акцијата „Ден на дрвото" официјално беше кажано дека се потрошени 18 милиони евра, милиони дрвца беа насадени насекаде низ Македонија. Само 21 отсто од тие дрвца се фатија. Но тоа е друга тема, за темелноста и волонтаризмот при спроведувањето на таа акција. Паралелно со оваа акција, со години по ред се изведуваат друг тип активности поврзани со дрвото - илегално сечење на шумите и црн бизнис со продавање дрва за огрев. И тука беа потрошени милиони букови и дабови стебла за милиони евра - нелегална заработувачка. автор: Александар Дамовски | фото: Роберт Атанасовски     Извор: /www.mkd.mk/

Загревањето на дрва ја труе Битола во зима

Слика
Населбите Дрвен Пазар, Јенимаале и Ат Пазар се алармантно загадени, особено во периодот по 15 часот, кога се потпалуваат огништата со дрва. Домаќинствата и институциите во текот на зимскиот период учествуват со 70 отсто од емисиите на ПМ-честичките. „Геосфера“ достави до Општината 30 предлог-мерки за намалување на аерозагадувањето: пошумување, велосипедски патеки, субвенционирана струја и печки на пелети, огревно дрво со низок процент на влага, мерки за РЕК Битола и други. Централното градско јадро во Битола е екстремно загадено, а високите концентрации на ПМ-честички во воздухот во најголем процент се последица на согорувањето на дрвата за огрев во домаќинствата. Населбите Дрвен Пазар, Јенимаале и Ат Пазар се алармантно загадени, особено во периодот по 15 часот, кога се потпалуваат огништата со дрва. Ова го открива истражувањето што во изминатите три месеци го спроведе географското друштво „Геосфера-Битола“. – Во околината на основното училиште „Даме Груев“ и градинката „Пролет“, каде...