Постови

Мара Апелхаген, активист: Шумскиот отпор во Хамбах е протест против капитализмот, но и симбол на солидарност

Слика
„Отпорот во шумата Хамбах е симбол на борбата против капитализмот, профитерството и уништувањето на шумите. Симбол е на активизам, но и на солидарност против ископувањето на јагленот, протест против индустријата на фосилните горива. Дел е и од пошироко движење низ Германија поврзано со климатските промени. Разни луѓе, екологисти, активисти, љубители на природата, на одржливиот начин на живот – доаѓаат, застануваат со своите тела да ја бранат шумата. Ова е многу важна битка, за иднината!“, вели германската активистка Мара Апелхаген во интервју за Радио МОФ. Апелхаген ја сретнавме на скалите пред Филолошки факултет. Насмеана и приземна, со фотоапаратот сликаше наоколу. Се интересираше за околината, младите, студентите, за активностите од универзитетскиот кампус. Будно прашуваше и за активизмот во земјава, низ призма на одржување граѓанска искра – за промени. Апелхаген живее и студира во Минхен. Студентка е на Рејчел Карсон Центарот за животна средина при Универзитетот Лудвих Мак...

Поучна приказна: Дрвото кое постојано дава

Слика
Еднаш многу одамна на некое место постоело големо дрво каде што секојдневно доаѓало едно мало момче за да си игра. Тоа се качувало на врвот, ги јадело плодовите, се одморало под сенката… Така го засакало дрвото и сакало да си игра со него. Но, откако пораснало, веќе немало навика да си игра со него. Еден ден, тоа отишло до него со тажен израз на неговото лице. „Дојди, играј си со мене“, му рекло дрвото на момчето. „Јас не сум повеќе дете и не си играм околу дрвјата“, одговорило момчето. „Сакам играчки, потребни ми се пари за да си ги купам.“ На ова дрвото рекло: „Извини, јас немам пари… но можеш да ги собереш моите плодови, да ги продадеш и ќе имаш пари.“ Момчето многу се возбудило, ги собрало плодовите и среќно си заминало. Дрвото било тажно затоа што момчето не се вратило повторно. Еден ден, момчето кое веќе станало маж, се вратило. Дрвото било премногу возбудено од тоа и го повикало да си играат. На ова, мажот одговорил: „Немам време да си играм. Морам да работам за моето семејствот...

Во Милано ќе се садат 3 милиони дрвја во борбата со климатските промени

Слика
Милано е една од европските модни престолнини што се карактеризира со сивило не само од неокласичните камени градби, туку и со сивило на небото поради загаденоста на воздухот. Сепак, сивите нијанси не се тренди избор за еден град од перспектива на екологијата. Поради тоа, Италијанците одлучија до 2030 година да го озеленат Милано со 3 милиони нови дрвја. Градските власти процениле дека планираната програма ќе го зголеми бројот на стебла за 30 отсто. Дрвјата на годишно ниво ќе „впијат“ дополнителни пет милиони тони јаглероден диоксид. Оваа количина е еднаква на четири петтини од вкупните емисии на штетен гас во Милано.  Во рок од десет години дрвјата од атмосферата би отстраниле околу три илјади тони ситни штетни ПМ10 честички. Се очекува и последователен пад на температурите во градот за 2 Целзиусови степени.  Архитектот Стефано Боери во 2014 година во срцето на Милано создал зелена оаза. Во рамките на неговиот проект „Вертикална шума“ над градот се издигнаа две станбени зград...

Мистериозните “вонземски“ шумски кружни насади во Јапонија се резултат на 50 годишен експеримент

Слика
Круговите во житата кои се појавуваат ненадејно низ полињата во светот се главен дел од теориите на заговор, поради што уметничките креации со разни правилни геонетриски форми често им се припишуваат на слетувања на НЛО или сложени форми на вонземјанска комуникација. Затоа можете да ја замислете возбудата на луѓето низ светот кога биле забележани неверојатни геометриски дизајни, направени од големи повеќегодишни јапонски кедри. За жал, за оние кои сакаат да поверуваат дека ова има врска со нешто вонземско, тоа има совршено логично, но сепак интересно објаснување дека овие форми потекнуваат човекот и се дел од еден експеримент. Живописните природни формации не се резултат на инвазија на вонземјани, туку подобро разработен план кој се реализирал пред речиси 50 години. Документ на јапонското Министерство за земјоделство, шумарство и рибарство објаснува дека она што е сега видливо се должи на проектот од 1973 година во врска со растот и растојанието помеѓу дрвјата. Тие за таа цел во близин...

[Интервју] Речиси 40 години нема попис на шумскиот фонд

Слика
Шумарството е едно од најзапоставените стопански гранки – од немање услови за работниците, па до недостиг од инвестиции. ЈП Македонски шуми изминативе години се претвори во биро за вработување, но воглавно на кадар од други професии, наместо шумарски инженери. Пописот на шумите, пак, кој треба да покаже уште колку ни остана од ова природно богатство, се уште е во најава, смета младиот докторанд Владимир Стојановски, од катедрата за Економика и организација во шумарството при Шумарскиот Факултет во Скопје. Според него, отсуствуваат јавни дебати, а уште повеќе отсуствува политичка волја за решавање на горливите проблеми. „Познавам 10-15 колеги кои имаат завршено и што се на постдипломски и докторски студии на реномирани факултети низ Европа од областа на шумарството, но за жал, не се воопшто искористени. Постои мрежа на наши истражувачи со други на регионално ниво, но таа е како резултат на ентузијазмот на овие луѓе. Голем дел од нив кои го градат имиџот на македонскот...

До кога ќе шумат шумите?

Слика
Над 35 илјади хектари шума се загубени во Македонија во последните 17 години, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва, покажува извештајот на „Глобал форест воч“. Проценките се дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја. Сепак, службена одговорност во МВР и во Македонски шуми досега нема. Научниците предупредуваат дека за масовното пустошење на шумите придонесува и планското сечење, како што е случајот со изградбата на гасоводот на Водно од страна на Владата. Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите во Македонија“ финансисран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада/Британската Влада.

Сиромаштијата чука на портите: Домаќинствата се повеќе се греат на дрва како певтина варијанта

Слика
Според податоците од заводот за статистика на Македонија, струјата е најчестиот вид енергија што го трошат македонските домаќинства. Електричната енергија учествува со дури 50,3 отсто во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата. Но, тоа што е интересно во статистичкиот извештај за 2017 година од шумарска гледна точка е зголемената употреба на биомасата, односно на дрва за греење. Податоците укажуваат на тоа дека од година во година наместо овој процент да опаѓа, што може да биде индикатор на намалување на животниот стандард на граѓаните кои се приморани да се враќаат на повтини начини на затоплување на своите домови. Нивното учество во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата лани достигна 40,5 отсто, додека претходната година овој процент изнесуваше 37,5 отсто. Тоа е уште еден индикатор дека домаќинствата се повеќе се греат на дрва отколку на нови современи и еколошки начини за затоплување на домовите кои се поскапа варијанта од затоплување со дрвото. Во многу ...